Утрински Весник
Свет

Орбан: Заврши хегемонијата на Западот, се формира нов светски поредок

Orban.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

-Заврши хегемонијата на Западот, тоа денеска никој не го оспорува и тоа го потврдуваат податоците. Се формира нов светски поредок и ситуацијата мора постојано да се оценува и анализира – изјави Орбан на средбата со унгарските амбасадори.

Орбан укажал на обиди светот да се подели на геополитички блокови и дека се врши голем притисок врз земји како Унгарија, кои го штитат суверенитетот, пренесува агенцијата МТИ.

-За време на членството во блокот има многу ограничен простор за маневри, затоа и Унгарија е заинтересирана за членство во ЕУ и НАТО и поделбата на блокови не е во нејзин интерес. Затоа ќе го зајакнеме нашиот сојуз со другите земји кои го штитат суверенитетот – рече Орбан.

Унгарскиот премиер неодамна изјави дека Будимпешта сака да ја зголеми соработката со Москва во сфери кои не подлежат на санкции.

Тој посочи дека по конфликтот во Украина ќе продолжи економскиот живот, а рускиот пазар е важен за Унгарија.

Можете да прочитате

Девет лица повредени во напад со нож во Тајпеј

Новите приоритети на САД: Европа група на суверени нации, стратешка стабилност со Русија, крај на перцепцијата за НАТО како алијанса која постојано се шири

Трамп ја суспендира лотаријата за зелена карта