Утрински Весник
Свет

Орбан: Воената помош за Украина ја ослабува ЕУ наместо да ја зајакнува

20251220175711 big 730x400 10.webp.webp

Финансирањето на Украина и испраќањето воена помош во земјата за продолжување на конфликтот со Русија само ја ослабува Европската Унија, наместо да ја зајакнува, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Лидерите на ЕУ не успеаја да ги премостат разликите околу замрзнатите руски средства на самитот на Европската Унија, но се согласија да ѝ обезбедат на Украина голем бескаматен заем за покривање на нејзините воени и економски потреби во следните две години.

– Проблемот денес е што со секоја нова одлука се ослабуваме себеси наместо да се зајакнуваме. Украина не додава сила на Европа, само ја одзема. Не треба да ја финансираме украинската армија, не треба да ја зајакнуваме Украина, туку треба да ги зајакнуваме армиите на земјите што се наоѓаат западно од Украина. Треба да ги зајакнеме армиите на земјите од Европа за Европа, рече тој на состанокот со активисти на унгарската владејачка партија Фидес во Сегед. 

Можете да прочитате

Убиен Саиф Гадафи, син на Моамер Гадафи

Трамп: Веќе увезовме 50 милијарди барели нафта од Венецуела

Сијарто: ЕУ ја продолжува војната во Украина, Унгарија нема да учествува во „финансирање убиства“