Унгарскиот премиер Виктор Орбан рече дека ЕУ ѝ ја наметнува својата волја на Унгарија за клучните прашања како што се миграцијата, сексуалното образование и санкциите, но дека земјата продолжува да ги застапува интересите на својот народ.
„ Унгарија ги исполни сите обврски договорени со Европската комисија. Бирократите во Брисел додаваат нови услови, сакаат да ни ја наметнат својата волја по прашањата за миграцијата, санкциите и половите – напиша Орбан на социјалните мрежи.
Тој изјави дека Унгарија, кога станува збор за овие прашања, постапува во интерес на својот народ, а не на Брисел.
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто претходно изјави дека Унгарија мора да биде подготвена за сериозни напади на ЕУ бидејќи „Брисел и либералната пропагандна машина“ не се селективни во своите средства и користат секакви уцени против Будимпешта.
Европската комисија вчера објави дека Унгарија не спровела доволно реформи поврзани со зајакнувањето на антикорупциската регулатива за да добие милијарди евра од фондовите на ЕУ.