Утрински Весник
Свет

Орбан: Украина повеќе не е суверена држава, нема пари ниту оружје

Орбан: Украина повеќе не е суверена држава, нема пари ниту оружје
Dik 300x250 mk

Унгарскиот премиер Виктор Орбан даде интервју за германскиот весник Die Welt во Будимпешта, во кое го искажа својот став за текот на војната во Украина. Орбан смета дека Киев ќе остане без војници пред Москва. За да ја спасат Украина, САД и Русија треба да преговараат за мир, тврди унгарскиот премиер.

dobivaj vesti na viber

И покрај првичните успеси на украинската контраофанзива, Орбан сепак смета дека победата на Украина против Русија е „невозможна“. „Проблемот е што Украинците ќе останат без војници порано од Русите. И тоа на крајот ќе биде одлучувачки фактор“, рече тој.

Затоа, тврди тој, секогаш Украина треба да се залага за мир, во спротивно, ќе изгуби огромни количини на богатство и многу животи, а ќе има незамисливо уништување.

Тој, исто така, го оспори единственото право на Украина да одлучува за текот на војната: „Украина повеќе не е суверена земја. Тие немаат пари, немаат оружје. Тие можат да се борат само затоа што ние на Запад ги поддржуваме“.

Западот, вели Орбан, има право „да дава оружје и пари или не“.

Можете да прочитате

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно

Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген