Утрински Весник
Свет

Орбан предупредува на ризик од проширување на војната

Orban.webp.webp

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека војната во Украина претставува сериозен ризик за Унгарија, посочувајќи дека европските земји, за разлика од САД, решиле да ја поддржат војната и да ѝ обезбедат целосна помош на Украина. Орбан предупреди дека порано или подоцна може да дојде до испраќање војници во Украина, наведувајќи дека веќе постојат договори меѓу Франција и Велика Британија. Според него, доколку тоа се случи, војници би можеле да бидат испратени и од Унгарија, доколку земјата има влада која не се спротивставува на одлуките од Брисел. Тој истакна дека за да се избегне вклучување во војната е потребно мудро и искусно лидерство, додавајќи дека неговата цел е Унгарија да остане надвор од конфликтот.

Орбан нагласи дека вклучувањето во војната би имало долгорочни последици за државата и идните генерации, поради што, како што рече, Унгарија мора да каже „не“. Тој повтори дека земјата нема да зазема страна ниту со Украина ниту со Русија, истакнувајќи дека националните интереси се приоритет. Орбан најави продолжување на енергетската соработка со Русија, посочувајќи дека евтината руска енергија е клучна за одржување на ниски цени на комуналните услуги. Според него, прекинот на снабдувањето со руски гас и нафта би довел до значително зголемување на цените, а средствата што Украина ги бара за финансирање на државата и војната би можеле со децении да ги покриваат социјалните потреби на Унгарија.

Можете да прочитате

СЗО се подготвува за можна нуклеарна катастрофа на Блискиот Исток

Кремљ: Го осудуваме убиството на иранските лидери, се шират лажни вести за Русија и Иран

Кина му предложи обединување на Тајван во име на енергетската безбедност