Утрински Весник
Свет

Орбан: Потребни се преговори меѓу Русија и САД за мир во Украина, надежта е Доналд Трамп

Орбан: Потребни се преговори меѓу Русија и САД за мир во Украина, надежта е Доналд Трамп

Мирот во Украина е можен само врз основа на преговори меѓу Русија и САД, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за германскиот политички магазин „Цицерон“.

dobivaj vesti na viber

„ Не треба да се склучи примирје меѓу Русија и Украина, туку меѓу САД и Руската Федерација. Кој мисли дека оваа војна ќе заврши со руско-украински преговори, не живее во овој свет. Реалноста изгледа поинаку“, нагласи унгарскиот премиер.

Тој истакна дека Украина може да се брани од Русија само затоа што е воено поддржана од САД.

„ Војната денеска е отворена само затоа што Американците тоа го сакаа. Затоа Американците и Русите треба да се договорат и тогаш војната ќе заврши“, убеден е Орбан.

Тој оцени и дека американскиот претседател Џо Бајден не е вистинскиот преговарач за американската страна.

„Тој отиде предалеку“, смета Орбан, додавајќи дека Бајден кажал некои работи за Владимир Путин, по што е тешко да се водат преговори.

„Можеби звучи брутално тоа што ќе го кажам, но надежта за мир е Доналд Трамп“, рече тој.

Орбан, на прашањето што мисли дека е причината за одлуката на Путин да ја нападне Украина, рече дека не сака да одговори на тоа прашање, бидејќи не го интересира Путин, туку Унгарија, ЕУ и европскиот интерес.

„Не знам зошто започна војната“, подвлече тој.

Тој додаде дека и во 2014 година анексијата на Крим можеше да доведе до војна, но благодарение на преговарачките способности на тогашната германска канцеларка Ангела Меркел, тоа беше спречено.

На прашањето дали сегашната војна може да ја спречи Меркел, Орбан јасно одговори:

„Со Ангела Меркел денес не би имале војна во Украина“.

Можете да прочитате

Лавров: Русија сака да ги разбере мотивите зад рокот од 50 дена на Трамп

Пет земји од ЕУ се против нов трговски договор со Украина поради загриженост за земјоделските пазари

Украинскиот парламент одобри продолжување на воената состојба и општата мобилизација во Украина за уште три месеци