Утрински Весник
Свет

Орбан: Политичкиот систем во Европа ќе пропадне

Орбан: Политичкиот систем во Европа ќе пропадне

Унгарскиот премиер Виктор Орбан вели дека актуелниот политички систем во Европа ќе пропадне во текот на оваа деценија.

dobivaj vesti na viber

Орбан, како што пренесува австрискиот портал „Експрес“, на прашањето дали е за останување на Унгарија во ЕУ, рекол: „Дефинитивно не, но мораме“.

„Нормалните луѓе, со нормални ставови, не се за останување во ЕУ. Раздорот и разидувањето меѓу Унгарија и ЕУ расте“, објаснува тој.

Тој вели дека знае што зборуваат премиерите на Франција и Германија, а тоа е за уште поголема миграција, за родовата еднаквост и додаде дека во Унгарија постои приврзаност кон традиционалниот семеен модел.

Тој е убеден дека, по колапсот на актуелниот политички систем во Европа, ќе има враќање на традицијата.

Војната во Украина, посочува тој, уништи многу работи.

„Претходните сојузи со Словачка, Чешка, Австрија и Италија се оптоварени со оваа војна“, објасни тој, додавајќи дека италијанската премиерка е освежување, но дека мора да ги преживее до март преговорите со врвот на ЕУ за исплати од Фондот за закрепнување бидејќи на Италија и се потребни пари.

Орбан рече дека на ЕУ и пречи успехот на Унгарија и дека секој што има поинаков став, како него, веднаш се соочува со обвинувања дека е фашист или хомофоб.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk