Утрински Весник
Свет

Орбан: Не знаеме дали пожарот во рафинеријата беше несреќа или напад

Viktor orban.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека добил извештај од Министерството за внатрешни работи за пожарот што се случи минатата недела во рафинеријата за нафта Дунав во Сажаломбата, и дека „сè уште не се знае дали станува збор за несреќа, дефект или надворешен напад“.

Орбан во објава на Фејсбук рече дека „истрагата е во полн ек“.


– Рафинеријата во Сажаломбата е една од петте најважни стратешки индустриски постројки во Унгарија. Полскиот министер за надворешни работи (Радослав Сикорски) ги советуваше Украинците да го кренат во воздух нафтоводот Пријателство (Баратшаг). Се надеваме дека тоа не е случај. Цените на бензинот веќе скокнаа, рече Орбан.

Тој додаде дека му наложил на министерот за економија, Мартон Наѓ, да преговара со раководителите на унгарската енергетска компанија МОЛ, и јасно да им стави до знаење дека компанијата не може да ја надомести загубената добивка на сметка на купувачите, со зголемување на цените на горивата.

Рафинеријата Дунав во Сажаломбата, управувана од МОЛ, е најголемата во земјата и првенствено преработува сурова нафта од Русија.

Пожарот избувна ноќта на 20 октомври, а беше локализиран следниот ден.

Можете да прочитате

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј

Гладот ​​во Газа моментално спречен, но ситуацијата е критична