Утрински Весник
Свет

Орбан го поддржа Трамп за уште еден претседателски мандат: Донесете ни мир претседателе

Trampiorban.webp.webp

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, десничарски националист, изрази поддршка за враќањето на неговиот долгогодишен сојузник Доналд Трамп во Белата куќа, објавија британските медиуми. Тие двајца доцна синоќа се сретнаа на Флорида.

Поранешниот американски претседател и мала група негови блиски советници разговарале со унгарскиот премиер во резиденцијата на Трамп во Мар а Лаго, изјавија упатени извори за Си-Ен-Ен.

Еден од нив средбата ја опиша како „социјална“ без агенда, додека друг ја нарече „пријателска“.

-Трамп и Орбан разговараа за „широк опсег на прашања што ги засегаат Унгарија и Соединетите држави, вклучително и огромното значење на силните и сигурни граници за заштита на суверенитетот на секоја земја, се вели во соопштението од изборниот штаб на наводниот кандидат на Републиканската партија во претседателските избори во ноември во САД.

Орбан по средбата изјави дека само враќањето на Трамп во Белата куќа може да донесе мир во Украина.

-Потребни ни се лидери во светот кои се почитувани и можат да донесат мир. Тој е еден од нив. Вратете се и донесете ни мир, господине претседателе, напиша Орбан во објавата на социјалната мрежа „X“.

Унгарскиот премиер, на кој многу конзервативци во Соединетите држави му се восхитуваат поради неговата строга политика кон имиграцијата, поддршката за семејството и гласниот став во корист на националниот суверенитет, во видеото објавено на неговата страница на Фејсбук рече дека „за време на мандатот на Трамп од 2017 до 2021 година имаше мир на Блискиот Исток, а исто така и во Украина“.

-Доколку Трамп беше реизбран во 2020 година, немаше да има војна во Украина, кажа Орбан.

Можете да прочитате

Над седум милиони Американци ќе можат да добијат бесплатни лекови за прекумерна тежина

Марин Ле Пен може да предизвика огромна финансиска криза во Европа

По 20 години, уапсен е еден од најбараните бегалци по кои ФБИ имаше издадено потерница