Утрински Весник
Магазин

Џорџ Клуни вели дека сè уште сака да глуми, но режијата е „позабавна“

George Clooney 1

На Џорџ Клуни му се допаѓа да биде шеф на снимање!

Актерот (62) во новото интервју призна дека „повеќе се забавува“ како режисер затоа што може да „шефува“ на актерската екипа додека разговараше за своето искуство во режија на новиот спортски биографски филм „Момчиња во чамецот“, кој дебитираше во кината на Божиќ.

„Позабавно е, имаш многу поголема контрола“, изјави Клуни за Скај њуз. „Можам да им шефувам на актерите и не морам да учам како да веслам. Се забавувам“.

Сепак, Клуни не се откажа од глумата, споделувајќи детали за неговата последна улога.

„Штотуку снимив филм со Бред Пит“, рече тој, мислејќи на претстојниот филм „Волци“, кој треба да се појави во 2024 година. „Тој е актер во успон“, се пошегува тој.

Меѓутоа, кога станува збор за искуството зад камерата, Клуни објасни: „Режијата е забавна работа. навистина е“.

Клуни го имаше своето филмско режисерско деби со „Исповеди на опасниот ум“ во 2002 година. Оттогаш, тој водеше уште осум филмови, меѓу кои Добра ноќ и среќно (2005), Кожени глави (2008), Мартовски иди (2011) и Тендер Бар (2021).

Актерот-режисер, кој исто така има напишано и продуцирано различни проекти, додаде дека ги цени различните улоги што имал можност да ги истражува во својата кариера.

„Како што старееш, треба да имаш други работи. Јас сум среќен дека имам 62 години и можам да работам работи кои ги сакам. Многу луѓе не го разбираат тоа“.

Во меѓувреме, „Момци во чамецот“ ја раскажува вистинската приказна за патувањето на веслачкиот тим на Универзитетот во Вашингтон во 1936 година до Летните олимписки игри. Филмот е адаптиран од истоимената книга на Даниел Џејмс Браун, кој исто така работи како продуцент покрај Грант Хеслов.

Кога станува збор за актерската екипа на спортската драма, Клуни рече дека сака само актери кои, како него, вистински уживаат во тоа што го работат. „Сакам да работам само со луѓе кои сакаат да бидат таму и им се допаѓа она што го работат бидејќи тоа се долги часови, тешко е да се направи“, изјави тој за Скај њуз.

„Не се жалиме. Но, тие се долги часови и тоа е многу работа. И така, луѓето треба да уживаат во она што го прават, бидејќи навистина не сакам да бидам покрај луѓе кои не сакаат да излезат од нивната приколка“.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста