Утрински Весник
Скопје

Ѓорѓиевски: Заеднички, преку конкретни чекори до чист воздух и бескомпромисна борба против загадувачите

Orce.jpg
Dik 300x250 mk

Заштитата на животната средина и обезбедувањето на почист воздух се меѓу клучните приоритети на локалната и централната власт, а заложбите се реализираат преку конкретни мерки.

Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, денес упати јасна порака за важноста на здруженото дејствување и координацијата, учествувајќи на дискусијата во Владата на Република Македонија, на покана на министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.


-На покана на министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денес во Владата на Република Македонија присуствував на дискусијата која беше во насока на преземање на конкретни чекори во борбата против загадувањето на воздухот. Планската програма за почист воздух 2024 – 2030, која содржи конкретни проекти е добра основа за заштита на нашите граѓани од штетните еколошки влијанија.

Она што следува е зачестени контроли од инспекторатите на терен, нови еколошки извори на енергија, намалување на процентот на загревање со материјали кои не се соодветни за тоа итн.

Со добра координација помеѓу сите институции, како што впрочем тоа сега е пракса — убеден сум дека овие наши заложби ќе вродат со плод-истакна Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.

Можете да прочитате

Шукова: Скопје ќе стане отворен и дигитален град

Меџити: Милиони евра се инвестираат за развојот на Чаир

Шукова: Отпадот е ресурс, време е Скопје да добие чист и одржлив систем за управување со отпад