Утрински Весник
Македонија

Ѓорѓиевски за: Во 2022 година 10.000 учесници од Македонија заминаа во странство преку Еразмус плус

Dsc 6901 1536x1130 1.jpg

Интересот за учество во Еразмус плус програмата од страна на учениците и студентите, расте секоја година, а секоја година се зголемува и квалитетот на апликациите, порача во интервју за Студио на Слободен печат, Марко Ѓорѓиевски, директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

„Во 2022 година над 10.000 учесници од Македонија заминале во странство, на мобилност, на пракса, на размена, што е навистина голема бројка и фидбекот што го добиваме е навистина добар и се надеваме дека оваа бројка ќе расте и во иднина. Ние како Агенција, трета година по ред правиме работилница „Од идеја до проект“ за која има огромен интерес и оваа година имаше околу 300 до 400 апликации од професори од 40 различни места, каде опфативме професори кои имаат многу малку искуство со проекти, а тоа го правиме за да го зголемиме опфатот и да вклучиме што повеќе учеснции во Програмата“ посочи Ѓорѓиевски.

Директорот Ѓорѓиевски посочи дека Агенцијата ги следи светските политики и дејствувања и дека во последните години покрај редовното функционирање, акцент се става и на зелената агенда и зелените политики.

„Зелената агенда е еден од четирите главни приоритети на Програмата и ние сакаме тоа да ни биде приоритет над приоритетите бидејќи знаеме во какво општество живееме. Знаеме дека грижата за животната средина и борбата против климатските приомени и тоа како треба да бидат на пиедесталот и на настрана од проектите на Националната агенција ние сметавме дека треба да влеземе во една фаза на унапредување на животната средина и преку голем број на акции. Такви беа акциите за чистње на Водно, за пошумување на паланечкиот регион како и садење дрвја во градинки и учлилишта во Град Скопје тоа поомина доста добро и затоа за оваа година предвидовме двојно поголем буџет за зелени активности“ порача Ѓорѓиевски.

Можете да прочитате

Реакција од Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ на прес конференцијата на „Антикоцкање“

Зголемена фреквенцијата на возила на граничните премини Табановце и Пелинце

СДСМ: Над 20% од територијата на Македонија изгоре во пожари, не му оди на Мицкоски со патриотизмот