
Направивме увид на уште неколку клучни локации кои ќе бидат приоритет уште во првите месеци од мандатот во град Скопје, вели кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски.
Во објава на социјалните мрежи најави решенија кои, како што вели, ќе ја олеснат секојдневната циркулација.
-Довршување и пуштање во употреба на клучката кај Момин Поток; Кружен тек на улица „Бутелска“ Нов парк кај булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“ во Бутел; Летни сцени на скопското Кале и Аквадуктот; Изградба на прва фаза на булевар ,,Хрватска”. Со силно темпо и динамика, како никогаш досега ќе му донесеме на Скопје вистински сообраќајни решенија. Решенија кои ќе ја олеснат секојдневната циркулација, ќе го направат градот пофункционален, поврзан и жив. Ќе изградиме нови парковски содржини и зеленило, за чист и убав град. Културата на едно високо ниво, токму онака како што доликува на една европска метропола. Следуваат уште многу други проекти кои ќе бидат промовирани, а ќе бидат за доброто на нашиот народ. Ќе понудиме решенија за Скопје кое ќе функционира, а не празна реторика. Скопје добива нов лик, наскоро. Скопје станува град каков што скопјани навистина заслужуваат, вели Ѓорѓиевски..