Утрински Весник
Скопје

Ѓорѓиевски: Скопје ќе ја добие првата подземна сообраќајница – почнува новата ера

580039913 1375819497504669 495017033924007342 n.jpg

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку објава на Фејсбук соопшти дека денеска ја потпишал одлуката за јавна набавка за изградба на првата фаза од првата подземна сообраќајница во Скопје – булевар „Македонија“, на потегот од под „Лимак“ до влезот на Кисела Вода.

-По завршувањето на правната постапка, веднаш започнуваме со работа!


Ова е проект што претставува вистински пресврт за централното градско подрачје, капитална инвестиција што ќе го растовари сообраќајниот метеж и ќе донесе нова динамика во срцето на градот.

Потоа ќе следат следните фази за изградба на кружен тек кај „Нова Македонија“ и двата кружни тека на потегот кај булевар „Кочо Рацин“ и улица „Железничка“, кои ќе овозможат побезбеден и побрз проток, со паметни и современи решенија согласно европските стандарди.

Со пуштањето во употреба на подземната сообраќајница под „Лимак“, Скопје ќе го добие своето прво подземно сообраќајно чудо, нешто што досега не било својствено за нашиот град.

Сообраќајницата ќе има шест ленти – четири за двосмерен автомобилски сообраќај, две за јавен превоз и дополнителни пешачки патеки.

Ова значи дека сообраќајот ќе се одвива непречено, а центарот на градот ќе се ослободи од гужвите, станувајќи многу покомфорен, побезбеден и поуреден простор за сите.

Овој за мене е еден од најзначајните проекти – симбол на новото време за Скопје!

Преродбата на Скопје – започнува! – стои во објавата.


Можете да прочитате

Николоски: За ефикасен транспорт на Скопје му треба комбинација од градскиот воз, нови автобуси и БРТ

МВР во петок ќе уништува гранати во Полицискиот центар во Ѓорче Петров

Почна изградбата на мегапаркот во Бутел