
Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска на Фејсбук објави дека Скопје добива нов лик и изминатава недела се работи со засилено темпо на точки кои, како што вели, со години беа закочени, а дел од нив останаа само лажно ветување.
– Изминатава недела работиме со засилено темпо на точки кои со години беа закочени, а дел од нив останаа само лажно ветување. Денес, тие напредуваат. На клучката кај „Момин Поток“ се работи со полна пареа. На „Љубљанска“, од огромно значење за жителите на Карпош, динамиката е јасно видлива. Паралелно, напредуваат и градежните работи на „Перо Наков“ во Гази Баба, клучна сообраќајна артерија по која секојдневно поминуваат илјадници граѓани. Ова е само почетокот на сериозна, одговорна и посветена трансформација. Скопјани заслужуваат град со визија, ред и достоинство, напиша во објавата на градоначалникот Ѓорѓиевски.


