Утрински Весник
Скопје
300x250 opst2

Ѓорѓиевски од Чаир најави изградба на булеварот „Цветан Димов“ и монтажна катна гаража, кај ТЦ „Чаирчанка“

20251003135149 big 730x400 97.webp.webp
300x250 opst2

Изградбата на булеварот „Цветан Димов“ и монтажна катна гаража, кај трговскиот центар „Чаирчанка“ се двата кучни проекти кои кандидатот за градоначалник на Скопје на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата, Орце Ѓорѓиевски денеска ги промовираше на прес-конференција во Чаир.

– Согласно проектот од мојата програма за Скопје, овој булевар ќе биде изграден со шест кловозни ленти, велосипедски патеки, тротоари, зеленило и современо осветлување, со што ќе се реши хроничниот хаос. Но, уште поважно, ќе се подобри безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Овој проект е дел од мојата стратегија Визија за нула несреќи, преку која до 2030 година Скопје ќе редизајнира 50 критични улици и крстосници, применувајќи европски стандарди за урбана безбедност, рече Ѓорѓиевски.


Реализацијата на проектот кој, како што нагласи, по години одлагање, ќе почне веднаш по изборите, односно по неговото доаѓање на функцијата градоначалник на Град Скопје, доколку ја добие довербата од граѓаните и ребалнас на градскиот буџет.

– Булеварот „Цвентан Димов“ веќе има проект и средства и веднаш ќе биде распишана постапката по ребалансот на буџетот. Истот ќе се случи со Лимак, но и со уште неколку проекти кои ги најавувам во моментот, а се поврзани со инфраструктурата во Градот Скопје, изјави кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ.

Паралелно со булеварот, најави и отпочнување со изградба на монтажна катна гаража, кај ТЦ „Чаирчанка“.

– Со години наназад овој дел од градот се соочува со драматичен недостиг на паркинг места. Со новиот монтажен систем ќе добиеме решение кое брзо, функционално и безбедно без дополнително оптоварување на јавниот простор. Гаражата ќе понуди зголемен капацитет и уредно паркирање, со што ќе се растовари околината и ќе се подобри квалитетот на животот во овој густо населен дел во Чаир. Со сите планирани проекти јасно потврдуваме дека визијата за Скопје е еднакво развиен град, во кој секоја општина ќе добие инфраструктура достојна за современо живеење. Само така Скопје може да биде град кој на сите им нуди подеднакво квалитетни услови за живот, истакна Ѓорѓиевски.

Ги повика граѓаните масовно, референдумски да излезат да гласаат за него уште во првиот круг, а по доаѓањето на функцијата, повтори дека ќе се зафати со решавањето на проблемот со комуналната хигиена и нефункционалноста, како и со јавниот градски превоз.

Одговарајќи на новинарско прашање за планот за Мал ринг и дали улицата кај Рекорд ќе биде затворена за сообраќај, Ѓорѓиевски рече дека во план е на таков начин да биде уреден целиот потег таму. Но, посочи дека прво треба да се создадат услови за тоа. Според него, услови ќе се создаделе со подземната сообраќајница Лимак.

– Прво ќе почнеме со градбата на Лимак, овозможување на поврзување на Кисела Вода со Центар. Практично и тој дел претставува сериозен застој на сообраќајот и создава метеж особено делот од кај десната страна на Лимак. Што значи дека најпрво ќе почнеме со реализација на Лимак проектот, а подоцна во соработка со сообраќајни инженери ќе го утврдиме процесот како во фази ќе го овозможиме сето тоа, изјави Ѓорѓиевски.

Проблемот со паркирањето на пешачките и велосипедските патеки, вети дека ќе го реши со обезбедување доволно паркинг места и поставување столбчиња, а најави и поврзување на околу 150 километри со велосипедски патеки.

Можете да прочитате

(Видео) Каков е плнот на кандидатите за справување со дивоградбите низ Скопје?

Од понеделник приватните автобуси ќе возат само прва смена

Трајановски: Контрола врз загадувачите и редовно чистење на дивите депонии