Утрински Весник
Скопје

Ѓорѓиевски: Казнети десетици правни субјекти, несовесното одложување на отпад нема да се толерира

Image 2025 11 09 172135895.png

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави на неговиот фејсбук-профил, дека акцијата за чистење „72 часа“ се одвива одлично, со цел градот да изгледа „чисто, како што му доликува“.

Скопје чисто, како што му доликува!

Акцијата ,,72 часа” се одвива одлично!

Вклучени се повеќе од 2500 луѓе кои го чистат градот, над 100 возила оперираат низ Скопје.

Сакам да апелирам до нашиот народ да се однесува одговорно кон животната средина.

Несовесното одложување на отпад нема да се толерира – ќе биде казнето!

Досега напишани се десетици казни на неколку правни субјекти, а оваа пракса ќе продолжи за секој оној кој го загрозува нашето здравје.

Да го чуваме Скопје! – стои во објавата.


Можете да прочитате

Во понеделник посебен режим на сообраќај во Скопје

Скопјанец осомничен за физички напад и загрозување на сигурноста на жена

Ограбено финансиско друштво во Карпош