Утрински Весник
Скопје

Ѓорѓиевски: Изречени се казни за еколошки прекршок од 53.000 евра

Orce gjorgjievski 2.jpg

Нема да има повеќе толеранција за сите оние кои го трујат воздухот. Ова е пораката на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски на денешната вонредна седница на град Скопје. Во претходните два месеци, инспекциските служби казниле правни и физички лица со високи глоби.

Највисоката изречена казна за еколошки прекршок изнесува вртоглави 53.000 евра, а инспекторите извршиле над 45 вонредни надзори во кругот на поранешните фабрики ОХИС и Стаклара, како и во општина Сарај.

Биланс на инспекциските контроли (6 ноември – 1 јануари):

  • 90 прекршочни платни налози и глоби;
  • 290 опомени за различни прекршоци;
  • Казни за градилишта: 11 објекти казнети со по 1.300 евра за комунални прекршоци;
  • Физички лица: Казни од 250 до 500 евра за палење отпад на отворено.

„Овој проблем бара посветеност и заедничка одговорност. Загадувањето не е создадено од сегашниот систем, но наша обврска е да делуваме. Скопје заслужува чист воздух и ред во јавниот простор“, истакна Ѓорѓиевски.

Можете да прочитате

Општина Аеродром бара работници за одржување јавна чистота

Се реконструира улицата ,,Светозар Марковиќ” во Центар

„Комунална хигиена“ во февруари собрала 11.000 тони комунален отпад