Утрински Весник
Македонија

Ѓорѓиевски: Интересот на граѓаните за еден градоначалник треба да е пред интересот на сè останато

18.12.2024.jpg

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

„Ако земеме да направиме паралела во минатото каква била функционалноста на општинската администрација и направиме споредба со градоначалници пред мене со ова денес, имаме дијаметрално спротивни ставови и начини на функционирање и имплементирање на власта. Знаете дека најсвеж пример за тоа на којшто цела јавност беше сведок беше Меѓународен конкурс за Расадник, каде што на површина на којашто беа планирани 99 згради и практично беше пред фаза на донесување на Совет, замина во минатото”, објасни градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, во вечерашното гостување на Телма телевизија во емисијата Топ Тема, каде се отвори дебата на тема злоупотреба на урбаното зеленило, разјаснувајќи како денес се одвива менаџирањето и одлучувањето по однос на давање дозволи за градба.


Ѓорѓиевски посочи дека веќе за Расадник предвидено е зголемување на зелената површина од онаа којашто се планирала во минатото. Накусо, објасни дека не се дозволува изигрување на Законот.

„Се спроведе Меѓународен конкурс за Расадник каде што се предвидува зелена површина повеќе од она што било планирано во минатото. Исто така несекојдневна пракса во нашата општина беше поништување на одобрение за градба во Црниче и Пржино, каде што во минатото се изигруваше Законот”, образложи Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски категорично напомена дека фокусот не смее да биде насочен кон задоволување на бизнис заедницата. Имено, ставот на Ѓорѓиевски е дека интересот на граѓаните треба да е пред интересот на сè останато.

„Ако градоначалникот е фокусиран во неговиот мандат да ги задоволи интересите на бизнис заедницата тогаш ќе дојдеме до вакви резултати во какви што некој ја довел во минатото и мојата општина. Јас сметам дека изминатиот период од 3 години докажавме, а за тоа се сведоци и целата јавност дека може и поинаку да се функционира”, заклучи Ѓорѓиевски.

Можете да прочитате

Од Груевски до Груби: Дипломатските таблици како билет за бегство

СДСМ утре ќе објави нови детали од бегството на Груби, но и индиции за вмешаност на Тошковски и МВР во целиот случај

Чупеска: Голема е веројатноста дека бегството на Груби е помогнато од ДПМНЕ