Утрински Весник
Скопје

Ѓорѓиевски ги соопшти имињата на новоте директори на јавните претпријатија

579095388 1371194147967204 8479893967266000513 n.jpg

Четирите јавни претпријатија во град Скопје ќе добијат нови вршители на должноста директор. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва ги соопшти нивните имиња.

Во јавното претпријатие „Улици и патишта“ за директор ќе биде назначен Борис Настов кој ја извршувал оваа функција на почетокот на мандатот на поранешната градоначалничка Данела Арсовска, а во „Водовод и канализација“ Иван Митровски, досегашниот заменик-градоначалник на Кисела Вода.


Како што соопшти Ѓорѓиевски, за директор во Јавното сообраќајно претпријатие ќе биде назначено лице кое долги години работи во ова претпријатие, а во „Комунална хигиена“ човек кој долги години работел во комуналниот сектор во Град Скопје.

– Во „Комунална хигиена“ ќе биде поставен директор кој исклучитено добро се покажа изминатиот период за време на акцијата 72 часа. Не е актуелниот в.д. директор. Се вика Драги, човек кој долги години работел во комуналниот сектор во Град Скопје, не бил екпсониран ниту партиски, ниту во јавност. Во ЈСП Скопје ќе биде назначен Саше кој работи долги години во ова претпријатие, има искуство и ги разбира процесите – соопшти Ѓорѓиевски за емисијата „Само интервју“ на телевизија „Канал 5“.

Ѓорѓиевски негираше дека некогаш кажал дека ќе ги приватизира јавните претпријатија. Вели дека ќе работи на зајакнување на капацитетите на јавните претпријатија и дека ќе работи на тоа да станат самоодржливи.

Сметките за граѓаните, како што кажа, нема да поскапат.

– Така сум ветил во кампањата – рече Ѓорѓиевски

Можете да прочитате

Потпишана одлуката за изградба на првата фаза од првата подземна сообраќајница во Скопје

Стартува најголемиот образовен проект во Аеродром, нова спортска сала и современи училници во „Блаже Конески“

Галетановски: Секогаш сум тука да помагам на ЗОО