Утрински Весник
Скопје
300x250 opst2

Ѓорѓиевски: Ќе го изградиме Скопје како град на науката, нови училишни згради за СУГС „Браќа Миладиновци“ и СУГС „Кочо Рацин“

20251015103710 big 730x400 14.webp.webp
Dik 300x250 mk

Образованието е темелот на секој напреден град, основата врз која се гради просперитетот, иновацијата и иднината. Ако сакаме Скопје да биде вистински, европски град, мора да вложуваме во генерациите што доаѓаат по нас. Визијата за образованието што ја нудам преку мојата програма е визија за отворено, современо и хумано Скопје, град што им дава шанса на сите млади луѓе, без поделби по било каков однос. Во периодот што е пред нас ќе ја промениме сликата на образованието во Скопје, соопшти на денешната прес-конференција кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски. 

-Нашата цел е да изградиме модерен, дигитален и еколошки образовен систем што ќе создава генерации подготвени за предизвиците на 21 век. Млади луѓе кои размислуваат критички, создаваат иновативно и дејствуваат одговорно. За да го постигнеме тоа, мораме да почнеме од основата. Од инфраструктурата, од училиштата. Во периодот што е пред нас, ќе ја промениме сликата на образованието во Скопје. Во соработка со Владата, ќе изградиме две нови, современи средни училишта, едното во Драчево, нова училишна зграда за СУГС „Браќа Миладиновци“ и другото во Ѓорче Петров, нов објект на „Кочо Рацин“. Тоа ќе бидат модерни, дигитализирани и енергетски ефикасни објекти, вели тој.


Најави дека паралелно, ќе се спроведе целосна енергетска трансформација на сите средни училишта.

-Секое училиште ќе добие фотоволтаици, нови фасади, термоизолација и паметни системи за следење на потрошувачката на енергија. Ќе ја намалиме потрошувачката, ќе ги унапредиме условите и ќе создадеме училишта кои не само што учат за екологија, туку и опстојуваат во склад со неа. Ќе продолжиме со дигитализацијата на училиштата, брз интернет во секоја училница, смарт табли, проектори и дигитални содржини создадени од наставници и студенти. Ќе воведеме AI личен тутор , дигитален асистент достапен за секој ученик, кој ќе објаснува лекции, ќе помага во учењето и ќе ги заменува скапите приватни часови. Во неколку училишта ќе формираме AI лаборатории со 3D модели и интерактивни симулации за да овозможименастава што е привлечна, динамична и блиска до новите генерации, рече Ѓорѓиевски.

Можете да прочитате

(Видео) „Реално“ со Марко и Дејан Митески: Аеродром може да остане зелена и мирна општина

Ацевски: Нудиме хумано живеење, Буџетот не смее да се полни со 30 нови висококатници во срцето на Ѓорче

Митовски: Четири години ниту капка труд за Булачани – јас ќе ја донесам водата, инфраструктурата и достоинството назад!