Утрински Весник
Скопје
300x250 opst2

Ѓорѓиевски: Чаир ќе добие нов лик, ќе го решиме сообраќајниот хаос

Gorgievski 1 1.jpg
Img 7972

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, на вечерашниот митинг во општина Чаир, во рамки на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“ истакна дека ќе има големи промени во општина Чаир, без поделби врз основа на етничка, верска и политичка припадност со конкретни проекти, со модел на работа за решавање на актуелните проблеми и реален развој на општината.

„Нема да дозволам да се прават поделби по етничка верска или партиска основа. Да изградиме Скопје во кои сите ќе се чувствуваме достоинствено безбедно и пред се рамноправно. Општина Чаир беше заборавена последните години од градските власти, тоа ќе го промениме, ќе се посветиме на Чаир еднакво и рамномерно како кон сите општини во Скопје, тоа вечерва ви го ветувам на сите присутни чаирчани. Мојот збор во минатото е докажан со дела, она што го направивме во Кисела Вода со работа и чесност е мојата гаранција за сите вас. Тој модел на работа каде се слуша гласот на граѓаните, се решаваат реалните проблеми, сакам да го понудам за целото Скопје вклучително и овде во Чаир“, вели Ѓорѓиевски.


Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски истакна дека запоставеноста на општина Чаир ќе стане минато и општината ќе добие нов лик како што заслужува, потенцирајќи дека ќе се реши најгорливиот проблем на чаирчани, а тоа е  сообраќајниот хаос.

„Со години Чаир беше оставен настрана, но тоа време мора да заврши, со заедничка работа можеме да ги решиме сите наталожени проблеми. Ќе инвестираме во чистотата, во јавната хигиена и во комуналниот ред за Чаир да добие лик каков што заслужува една централна градска општина. Нашиот план предвидува конкретни, капитални проекти, конечно ќе го решиме најголемиот ваш проблем ,сообраќајниот хаос, ќе го изградиме булеварот Цветан Димов со шест ленти, со велосипедски патеки, со зеленило и модерно осветлување. Ова е реално ветување, ова е нова модерна порта кон центарот на нашиот град. А за да го решиме паркирањето, ќе изградиме монтажен паркинг кај Чаирчанка, но нашата визија не застанува, ќе го поврземе Чаир со сите делови од главниот град. Ќе ја завршиме клучката Момин Поток, ќе ги претвориме скопското Кале и старата чаршија во живи културни сцени“, рече Ѓорѓиевски.

Можете да прочитате

Меџити од централниот митинг во Чаир: Ја прифатив улогата на слуга на народот и подготвен сум да работам до крај

Османи: Општината е претворена во партиско седиште, партиски состаноци се држат во советот

Марковски: Скопје мора да дише слободно