Утрински Весник
Скопје

Ѓорѓиевски: Цементарница ,,Усје” не е единствениот проблем

579095388 1371194147967204 8479893967266000513 n.jpg

Орце Ѓорѓиевски, скопскиот градоначалник, најави сериозна офанзива против аерозагадувањето. Нагласи дека цементарница ,,Усје” не е единствениот проблем. Според него сите индустриски погони, воедно и оние во Железара и фабриките за кабли, мора да се дислоцираат.

Тој откри дека инспекциите веќе се на терен и дека во изминатиот период се изречени ригорозни казни од по 53.000 евра за индустриски капацитети со Б-интегрирана дозвола. „Триесет години само се констатира проблемот, а никој не мрднал од мртва точка. Сега градиме систем кој ќе ги промени работите“, дециден е градоначалникот.

За неколку дена е закажана и итна средба со премиерот и заменик-министерката за животна средина за да се координираат понатамошните чекори за спас на Скопје од отровниот воздух.

Можете да прочитате

Професорот пријавен за сексуално вознемирување ученичка е суспендиран

Најтопло денеска во Скопје – 24info.mk

Дислоцирани ситните продавачи во Шуто Оризари