Утрински Весник
Скопје
Img 7972

Ѓорѓиевски: БРТ и градски воз, проекти коишто ќе ги решат проблемите со јавниот превоз и сообраќајниот хаос во Град Скопје

Image 2025 10 15 101836594.png
Img 7972

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва гостуваше во дебатната емисија „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија, пришто им порача на граѓаните дека функцијата градоначалник на Град Скопје ќе ја извршува транспарентно, со преземање на чекори исклучиво во насока на заштита на интересот на граѓаните.

„За 72 часа, мојот план е да целата механизација од градот Скопје, соработка со општините, но и бизнис заедницата односно општествено одговорни компании и граѓаните сами, да започнеме една темелна активност којашто сум убеден дека за 72 часа ќе завршиме, да го дадеме сјајот на Скопје“, рече Ѓорѓиевски.


Ѓоргиевски се осврна и на решенијата кои тој ги нуди во неговата програма, а се во насока на решавање на проблемот со јавниот превоз и сообраќајниот хаос во градот, при што ги посочи и два проекти како решение за надминување на овие проблеми и тоа градскиот воз и БРТ проектот кој во неговата програма е ревидиран согласно недостатоците во претходно замислениот проект.

„Сум споменувал за одредени недостатоци, а  тоа е линијата према Радишани којашто недостасува во проектот и линијата којашто не го опфаќа Драчево, треба брзо да делуваме да ги отстраниме тие недостатоци и да влеземе во реализација, но тоа не го решава целосно проблемот, нас ни недостасуваат автобуси и нас ни недостасува реализација на она што го започнува Министерството за транспорт, а тоа е воз“, рече Ѓорѓиевски и дополни како е замислено да функционира проектот градски воз во Скопје.

„Надоградба ќе има, во 3 фази е. Првата фаза е поврзувањето и модернизација на пругата Зелениково-Ѓорче Петров, по истата траса. Втората фаза е опфат до Аеродром- Петровец преку Миладиновци и дополнително еден крак којшто ќе води до Карпош. Тоа е инвестиција од Министерството за транспорт, која што логистички ќе ја поддржиме ние целосно како Град Скопје и ќе се приклучиме во реализација на проектот. Суштината е дека ние на граѓаните мораме да им дадеме ефикасни алтернативи надвор од возилата коишто ги користат. Нам не ни е доволно само со автобуски превоз за да го решиме хаосот којшто владее во Скопје години наназад, метро е прескапа инвестиција и не можеме да си го дозволиме тоа. Трасата ќе се користи којашто во минатото се користела до Стара Железничка станица така што апсолутно изводливо е, по ГУП тоа се целосно празни траси коишто ќе може да се употребат за истото“, заврши Ѓорѓиевски.

На крај Ѓорѓиевски ги повика граѓаните да излезат и да гласаат во недела, да му ја дадат поддршката за неговиот избор да биде финализиран уште во недела, за да се започне со решавање на проблемите во Град Скопје час поскоро.

Можете да прочитате

Митовски: Четири години ниту капка труд за Булачани – јас ќе ја донесам водата, инфраструктурата и достоинството назад!

Скандал: Лукровски лажно ја користел Македонија – злоупотребил национални чувства за лична промоција!

Меџити го оствари ветувањето кон жителите на Батинце, започна изградбата на оградата околу депонијата „Дрисла”