Утрински Весник
Спорт

Ѓорѓевиќ нов селектор на Кина

Ѓорѓевиќ нов селектор на Кина

Легендата на српската кошарка, Александар (Саша) Ѓорѓевиќ, е новиот селектор на Кина, потврди еден од најпознатите кошаркарски менаџери, Мишко Ражнатовиќ.

dobivaj vesti na viber

Официјалната кинеска новинска агенција „Сина“ тврди дека двете страни постигнале договор и дека Ѓорѓевиќ ќе заработува 1.000.000 долари годишно.

Ѓорѓевиќ е поранешен тренер на Панатинаикос, Виртус Болоња, Фенербахче и на репрезентацијата на Србија.

Со Србија освои три сребрени медали: 2014 година во Шпанија на Мундобаскетот, 2016 година на Олимписките игри во Рио де Жанеиро и во 2017 година во Турција на Евробаскетот.

Можете да прочитате

Македонската фудбалска репрезентација гостува во Данска по полуфиналето на плејофот за Мудијалот 2026

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења

УЕФА го отфрли барањето на клубовите од Премиер лигата за проширување на составите за ЛШ