Утрински Весник
Скопје

Општината демантира дека ќе се гради „Карпош на вода“

Flag of karpos municipality north macedonia.svg .png

Општина Карпош денеска преку официјално соопштение демантираше дека ќе се гради комаплекс сличен на „Белград на вода“ на нејзина територија.

Оттаму велат дека ниту се во план, ниту пак некогаш планирале таков проект.


„Во име на транспарентноста и отворената комуникација која Општина Карпош ја води со граѓаните, по низата шпекулации и лажни вести кои се проширија, должни сме пред севкупната јавност да ги посочиме следните факти:

  • Работиме на средување на урбанистичкиот хаос кој го наследивме во Општина Карпош 
  • Сите започнати постапки од претходното раководство, преку надлежната комисија за урбанизам се дадени на ревидирање и повторно разгледување 

Сето ова е преземено со цел да се заштити интересот на граѓаните, развојот на зелениот простор во општината, хуманото уредување на просторот во рамки на законската регулатива.

Карпош ќе се развива според потребите на карпошани и во директна консултација со карпошани.  Новото раководство на општината ќе работи само и исклучиво во интерес на граѓаните на Општина Карпош. 

За сите информации кои произлегуваат од постапката за донесување на детален урбанистички план во иднина, преку анкети и сооштенија, навремено и транспарентно ќе бидат информирани граѓаните и пошироката јавност“ велат од општина Карпош.

Можете да прочитате

„Блокада фест“ – неделава нов протест пред Усје

Без вода утре неколку улици во близина на Макпетрол во Кисела Вода

Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие Луна парк за деца и возрасни, верувам дека во јуни 2027 ќе сечеме лента