Утрински Весник
Скопје

Општина Ѓорче Петров сака да ја зголеми цената за сместување во градинките

Gjorche.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Наместо 1490 денари, од јануари родителите на деца запишани во градинките во Ѓорче Петров да плаќаат по 2.000 денари.

Овваа предлог одлука ќе биде на дневен ред на следната седница на Советот на Општина Ѓорче Петров, закажана за 24 декември.

Во образложението се наведува дека цената се зголемува „поради зголемувањето на трошоците за живот и растот на просечно исплатената плата“.

Советничката група на Левица излезе со јавно спротивставување на ваквата одлука и најави дека ќе гласаат против.

„Ова преставува зголемување за неверојатни 33%. Во 2026г општина Ѓорче Петров ќе реализира буџет од над 23 милиони евра во кој нема униформи за учениците, градинките ќе поскапат за 33% а листата на чекање за упис на деца во градинките бележи рекорди“ се наведува во реакцијата на Левица.

Можете да прочитате

Станари во зграда во Кисела Вода се жалат дека се гушат во мирис на марихуана

Екстремно загадено во Скопје, МЖСПП со мерки и препораки

Катерина Костова назначена за в.д. директорка на Зоолошката градина Скопје