Утрински Весник
Скопје

Општина Кисела Вода ќе им додели по 2.500 денари на една група граѓани

Denari Pari.jpg
Dik 300x250 mk

Општина Кисела Вода годинава за првпат ќе додели еднократна парична помош за најранливите категории на пензионери.

финансиска помош ќе добијат сите пензионери кои примаат старосна, инвалидска, семејна или социјална пензија и се жители на општина Кисела Вода, а чии месечни примања не надминуваат 22.640 денари според јануарскиот чек за 2025 година.


„На секој од нив ќе му бидат доделени 2.500 денари како еднократна финансиска поддршка. Општината дополнително ќе го покрие и персоналниот данок, кој не е пресметан во овие средства. Оваа помош ќе се доделува се до исцрпување на предвидените средства, кои во буџетот на Општина Кисела Вода за оваа намена изнесуваат 7.000.000 денари. Нашите највозрасни жители, пензионерите, заслужуваат сигурност и достоинствен живот, а ние како локална самоуправа правиме сè што е во наша моќ да им го олесниме секојдневието“ велат од општината.

Јавниот повик ќе излезе во утрешниот број на весникот ,,Слободен печат” како и на општинаската веб страна, каде што ќе можат да се најдат сите информации и критериуми.

Аплицирањето започнува од утре и ќе трае сѐ до исцрпување на средствата предвидени за оваа мерка.

Можете да прочитате

Владата ја задолжи МВР заедно со инспекторатите да влезе во Град Скопје и ЈП „Комунлна хигиена“

Левица: Два дена по избори – тони ѓубре во Ново Лисиче

Арсовска: Нека ви се честито дивоградбите