Утрински Весник
Скопје

Општина Чаир почна со опремување на училиштата со нов инвентар

584493161 1368911327947448 3127805172098974528 n.jpg

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, оствари работна посета во Основното училиште „Лирија”, каде што беше пречекан од директорката на училиштето, г-ѓа Теута Идризи.

Посетата се реализираше по повод доставувањето на новиот инвентар, кој веќе е распределен во училиштето, велат од Општина Чаир.

„ОУ „Лирија” е опремено со 200 модерни клупи и 400 ергономски столчиња, кои се прилагодуваат според возраста и висината на учениците, создавајќи покомфорни услови и пофункционална средина за одвивање на наставниот процес. Истата донација е реализирана и во Основното училиште „Хасан Приштина”, при што во двете училишта ќе се уредат вкупно по шест наставни кабинети со нов инвентар.

Овој инвентар е дониран од компанијата „Ефтинија Импекс”, на која Општина Чаир ѝ изразува благодарност за поддршката и посветеноста кон образованието и заедницата.

Донацијата се реализира во рамките на активностите за ноемвриските празници, меѓу кои и Денот на Албанската Азбука.

Ова е само почеток.
Целта на Општина Чаир е во рок од една година сите основни училишта да бидат опремени со нови клупи и столчиња од овој стандард, со што значително ќе се унапредат условите во училишната средина и стандардите на наставата“ се наведва во соопштението од Општината.

Можете да прочитате

Спасени тригодишно дете и тројца возрасни кои беа заглавени на жичарата на Водно

Општина Аеродром расчистува долгогодишни запоставени објекти поранешниот ресторан „Мекдоналдс“

Без струја денес неколку делови од Скопје