Утрински Весник
Македонија

Општина Чаир додели 600.000 денари за погодените од катастрофалниот земјотрес во Турција

Српски сеизмолог: Секоја активност на анадолската плоча предизвикува активност и на Балканот

Општина Чаир денеска додели 600.000 денари парична помош за погодените од катастрофалниот земјотрес во Турција. Парите ќе бидат префрлени на директната сметка на турската држава отворена специјално за земјотресот.

dobivaj vesti na viber

Градоначалникот Ганиу рече дека она што се случи во Турција длабоко нè трогна сите нас и дека веќе 8 дена сите ја доживуваме истата болка како оние кои ги загубија своите најблиски, ги загубија своите мајки, татковци, сопруги, сопрузи, деца, сестри и браќа, роднини.

Тој во оваа прилика рече оти е целосно свесен дека нема пари со кои може да се отплати душевната болка од загубата на човечки животи, но во моментов секоја помош ќе биде добредојдена за оние кои се живи и да си го опорават животот, да ги реновираат нивните огништа, нивниот град.

„Средствата ќе бидат обезбедени од Буџетот на општина Чаир, програма АО 412110, постоечките резерви, односно непредвидливи трошоци и ќе се префрлат на директната сметка на турската држава која е отворена специјално за земјотресот“, објасни градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

Од друга страна, тој потсети дека Општина Чаир, во координација со хуманитарните здруженија кои делуваат на нејзина територија, веќе заминале во турските региони погодени од земјотресот и помагаат со најпотребните работи во случаи на вакви непогоди. Ганиу уште еднаш им се заблагодари на вистинските херои од Чаир и кои директно учествуваа во спасувачката акција во Турција, односно на членовите на Здружението на пожарникари доброволци „Бајрам Мифтари“.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!