Утрински Весник
Скопје

Општина Центар за три години издвоила над 10 милиони денари за пензионерите

Goran 1536x1023 1.jpg

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека во изминатите три години, повеќе од 3.500 пензионери добија еднократна парична помош, а вкупно беа доделени над 10 милиони денари, со што значително се подобри нивниот квалитет на живот.

„Како општина, активно се грижиме за нашите највозрасни сограѓани преку реализирање на различни проекти. Еден од тие проекти е и доделувањето еднократна парична помош кон крајот на годината, со што значително им помагаме во семејниот буџет на пензионерите во пресрет на новогодишните празници. Во 2022 година, 1.410 пензионери аплицираа и добија еднократна парична помош во висина од 1.500 денари, а во 2023 година 1.575 пензионери добија по 2.000 денари еднократна парична помош. На последниот повик во 2024 година, 1.705 пензионери добија еднократна парична помош во висина од 2.500 денари, додека пак, вкупната сума за три години изнесува 10ипол милиони денари. Оваа поддршка значи повеќе сигурност и достоинство за нашите повозрасни сограѓани, кои својот живот го посветиле на изградба на нашето општество. Продолжуваме со оваа иницијатива и во иднина, животот е убав во секоја доба”, истакнува Герасимовски. 


Општина Центар, останува посветена на подобрување на животниот стандард на граѓаните, грижата за повозрасните центарци останува еден од нашите приоритети.  

Можете да прочитате

Герасимовски со младите на Центар во кампања за совесно возење и промоција на субвенции за возачки дозволи

До кога од улиците ќе правите гробишта? – сестрата на Фросина по вчерашната нова сообраќајка во Скопје

Општина Карпош обезбедува бесплатни ехо прегледи на дојка за девојки од 20 до 30 години