Утрински Весник
Македонија

Општина Центар го финализираше договорот за реконструкција на улицата Елисие Поповски

Ulica Elisie Popovski Centar.jpg

Улицата Елисие Поповски во скопската населба Капиштец ќе биде реконструирана. Работите ќе ги изведува Општина Центар во рамки на своите надлежности и годишен план за реконструкција и реализација на капитални инфраструктурни проекти.

Во рамки на договорот што градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски го склучи за реконструкција на „Елисие Поповски“ предвидено е вадење на стариот и поставување на целосно нов асфалт во должина од 4.822 m2, понатаму подигнување и нивелирање на постојните шахти како и поставување на нови рабници.

Вредноста на договорот за реконструкција изнесува 11 милиони денари.

Со реконструкцијата ќе се овозможи намалување на сообраќајниот метеж и подобрување на севкупната сообраќајна безбедност за возилата, пешаците и за велосипедистите. Покрај тоа, со реконструкцијата ќе се овозможи и подобар и побрз пристап до клиничкиот центар „Мајка Тереза“ преку оваа улица.

Покрај улицата „Елисие Поповски“, во буџетот за 2024 година, општината има предвидено средства и за реконструкција на улиците „Дебарца”, „Светозар Марковиќ” и улицата „Блаже Тодоровски” која е во завршна фаза.

Можете да прочитате

Почнува собраниската расправа за ребалансот на Буџетот

ТОПЛИОТ БРАН ОД ШПАНИЈА ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА Температурата ќе се искачи и до 42 степени

(фото) Вечерва тешка сообраќајна несреќа во Бутел – автомобил превртен на кров, има повредени