Утрински Весник
Скопје

Општина Аеродром започна да спроведува бесплатен скрининг на тироидна жлезда кај деветтоодделенците 

Skrining Na Tiroidna Zlezda1.jpg

Учениците од деветто одделение од сите основни училишта во Општина Аеродром имаат можност да извршат бесплатен скрининг на тироидната жлезда.

Скринингот стартуваше вчера во ООУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче и ќе бидат прегледани сите деветтоодделенци по претходно добиена писмена согласност од родителите или старателите.


В.д. градоначалникот, Дејан Митески, посочи дека Аеродром е прва општина во која се спроведуваат вакви скрининзи што имаат превентивен карактер.

Иницијативата ја даде директорот на здравствената установа „8-ми Септември“, проф. д-р Синиша Стојаноски, а родителите на учениците без двоумење ја прифатија оваа превентивна мерка. Инаку, д-р Стојаноски ги спроведува скрининзите во училиштата заедно со д-р Невена Маневска.

Општина Аеродром останува посветена на создавање уште подобри услови за безгрижно и здраво детство на нашите најмили.

Можете да прочитате

Автобус симнал патници среде улица затоа што снемало гориво

Институциите молчат за закланите коњи во ЗОО Скопје, порачаа од Анима Мунди

Евакуираните македонски државјани од ОАЕ стигнаа во Скопје