Утрински Весник
Македонија

Општина Аеродром отвори линија за пријавување проблеми со јавното осветлување

Општина Аеродром отвори линија за пријавување проблеми со јавното осветлување

Општина Аеродром отвори телефонска линија на која граѓаните, почнувајќи од денеска, ќе можат да пријавуваат проблеми со јавното осветлување. Целта на оваа линија е навремено решавање на проблемите на граѓаните кои се поврзани со уличното осветлување на територијата на Аеродром.

dobivaj vesti na viber

Пријавувањето може да се направи на телефонскиот број 072/270-886 од 07:30 до 15:30 часот, или пак во секое време по порака, на електронската адреса [email protected], со писмено барање во просториите на Јавното претпријатие, како и преку урбаните заедници на Општина Аеродром. По добивањето на пријавата службите задолжени за неговото одржување навремено ќе реагираат на терен.

Јавното претпријатие одговорно за јавното осветлување на Општина Аеродром ја следи состојбата со улично осветлување и навремено презема мерки за негово подобрување.

Исто така, службите ќе вршат редовни ноќни контроли за согледување на состојбите и отстранување на сите утврдени дефекти, со цел поголема безбедност на граѓаните, како и поголема заштеда на електрична енергија во време на енергетската криза.

Можете да прочитате

Сончево со мала до умерена локална облачност

Под контрола два пожари на отворен простор

Околу 30 илјади патници минале на ГП „Ќафасан“ во последните три дена