
Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за 2025 година на физички лица, односно поединци или група творци, кои се со живеалиште во Аеродром.
– Признанијата се доделуваат како знак на општествено признание за особени постигнувања во стопанството, науката, уметноста, културата, спортот, воспитувањето и образованието, заштитата и унапредување на животната средина и природата, како и во други области на трудот и творештвото од значење за развојот на општината и нејзина афирмација во државата и во светот, а тие можат да се доделат и постхумно на истакнати аеродромци, информираа од општината.
Рокот за пријавување трае заклучно со 7 април 2025 година (понеделник). Кандидатите можат да се пријават лично, како и да бидат предложени од правни и физички лица, а сите детали околу условите за повикот можат да се најдат на следниот линк.