Утрински Весник
Македонија

Општина Аеродром: Манипулациите и лагите станаа главна одлика на СДСМ

Општина Аеродром: Манипулациите и лагите станаа главна одлика на СДСМ

„Со денешното соопштение, СДСМ прави уште една груба манипулација на јавноста, пласирајќи невистини кои имаат за цел да ја дефокусираат јавноста од тешката економска состојба во која се наоѓа државата, сиромаштијата и високото ниво на криминал и корупција за кое веќе подолг временски период алармираат и меѓународните фактори“ реагираат од скопската општина Аеродром.

dobivaj vesti na viber

„Општина Аеродром во изминататата една година покажа како се раководи со локалната самоуправа и како се работи во согласност со законите. Година во која се направени многу повеќе реформи и проекти од четиригодишното владеење на СДСМ во Аеродром, а потврда за ова се признанијата и наградите кои општината ги доби во 2022 година, како и евидентното задоволство кај граѓаните. Досегашното работење на Општина Аеродром ќе биде одбележено по реализација на низа проекти, збор кој е непознат за СДСМ затоа што тие се политичка партија која во историјата на независна Македонија направи историско најголемо задолжување и највисоко ниво на корупција, факт кој сите релевантни и меѓународни фактори го потврдија“ се вели во реакцијата.

Оттаму дополнуваат дека „зелената обврзница е проект кој ќе донесе реализација на голем број инфраструктурни проекти во Општина Аеродром кои сериозно ќе го подобрат животот на граѓаните, но и ќе значат континуитет на една зелена трансформација која Општина Аеродром ја започна во 2022 година, а ќе продолжи интензивно да се реализира и понатаму“.

„Наша обврска и заложба е да работиме согласно потребите на граѓаните и да реализираме проекти кои ќе донесат подобра иднина во Аеродром. Таквото работење ќе продолжи и со буџетот за 2023 година кои ќе биде најразвојниот буџет до сега, направен согласно потребите, барањата и идеите на аеродромци“ стои во соопштението од општина Аеродром.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа