Утрински Весник
Македонија

Општина Аеродром: Инвестиција во нов и модерен плоштад во срцето на Аеродром

Општина Аеродром: Инвестиција во нов и модерен плоштад во срцето на Аеродром

Просторот зад „Капитол Мол“ добива целосно нов и модерен изглед, со што жителите на Аеродром добиваат уште еден нов плоштад. Наскоро почнуваат градежните активности за целосна реконструкција и модернизација на оваа локација која е една од најфреквентните во срцето на Општина Аеродром.

dobivaj vesti na viber

Реконструкцијата е целосно финансирана со средства од буџетот на Општина Аеродром, a проектот опфаќа хортикултурно и партерно уредување на целиот простор со вкупна површина од 5000 квадратни метри. Дополнително, во рамки на реконструкцијата старите и дотраени плочки ќе бидат заменети со нови гранитни плочи, а ќе бидат поставени нови современи канделабри, светла со димери, како и нови клупи, канти и друга урбана опрема.

„Инвестираме во модерна и убава општина. Се грижиме жителите на Аеродром да имаат соодветни места каде ќе го поминуваат своето слободно време. Продолжуваме да вложуваме во нови содржини и локации за најмладите, но и за возрасните. Сите тие заслужуваат уредени урбани локации кои урбанистички и хортикултурно ќе се вклопат во одржувањето на епитетот „најубава скопска општина“. Со ова реализираме уште еден важен и значаен проект, кој беше дел од моите ветувања“, истакна градоначалникот Муцунски.

Можете да прочитате

Приведени седум лица во Скопје

Пронајдено тело на почината жена во двор од семејна куќа во Скопје

Нападнат полицаец во Гази Баба