Утрински Весник
Македонија

Општина Аеродром ќе донира средства за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија

Муцунски: Новата детска градинка „Црвенкапа” во која ќе се згрижат над 200 дечиња добива нов и уникатен изглед

Општина Аеродром ќе донира парични средства за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија.

dobivaj vesti na viber

Градоначалникот Тимчо Муцунски на својата Фејсбук страна информираше дека во среда, на редовната седница на Советот на Општина Аеродром, ќе биде донесена одлуката со која ќе се обезбедат потребните средства за помош на погодените од земјотресот во Турција и Сирија.

„На моја иницијатива, а во координација со Претседателот на советот Дејан Митески, во среда ќе се одржи седница на Советот на Општина Аеродром на која ќе биде донесена одлука за обезбедување средства од буџетот на општината. Средствата ќе бидат донирани за семејствата на настраданите од земјотресот во Турција и Сирија“, напиша Муцунски на Фејсбук.

Во текот на вчерашниот ден, градоначалникот Муцунски исто така оствари и телефонски разговор со амбасадорот на Турција во Македонија, при што упати длабоко сочувство до турскиот народ и посака што поскоро животот во погодените градови да се врати во нормала. Во рамки на телефонскиот разговор, Муцунски ја истакна подготвеноста на општината Аеродром за поддршка и помош во следниот период.

Можете да прочитате

Нема место за паника – најавена почесна артилериска стрелба во Скопје по повод Денот на Армијата

МВР не дозволи учество на „Маршот за ангелите“ на луѓе од други градови

На „Табановце“ се чека околу 40 минути за излез од државата