Утрински Весник
Македонија

Општина Аеродром апелира до Град Скопје итно да постави семафори на раскрсницата кај ООУ „Љубен Лапе“

Raskrsnica Aerodrom 1.jpg

Општина Аеродром апелира до Град Скопје итно да изнајде решение и да постави соодветна сообраќајна сигнализација на раскрсницата што се наоѓа на улицата Коста Новаковиќ кај ООУ „Љубен Лапе“.

„Станува збор за многу прометна сообраќајница, каде што, особено во утринските часови, се создава метеж пред почетокот на наставата кога учениците одат пеш кон училиштето или родителите ги носат со возила во тој период од денот“, велат од Општината.

Утрово, на посочената локација излегоа в.д. градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески, и командирот на полициската станица во Аеродром, Тони Петровски, заедно со тим од полицијата, со цел да ја увидат фактичката состојба и да постават ред за безбедно одвивање на сообраќајот.

Во наредниот период на критичната точка ќе се постави полициско службено лице, што ќе врши регулирање на возилата и пешаците пред почетокот на првиот училиштен час, но бидејќи станува збор за улица под надлежност на Град Скопје, потребно е да се постават семафори, со што трајно ќе се реши овој проблем.

Општина Аеродром, во соработка со МВР, вакви и слични превентивни мерки спроведува во непосредна близина на сите основни училишта со цел учениците безбедно да стигнуваат на настава, како и да се подигне свесноста кај сите учесници во сообраќајот, соопштуваат од Општината.

Можете да прочитате

Лукаревска: Со гордост ја напуштам функцијата, на Фани ѝ посакувам успех во зацврстувањето на социјалдемократските вредности

Зоран Заев единствен државник од Балканот спомнат во мемоарите на Меркел

Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско