Утрински Весник
Македонија

Опожарен стан во Куманово  – 24info.mk

20251202121939 big 730x400 30.webp.webp

Опожарен е стан во Куманово, интервенирала и противпожарната единица и полицијата.

Како што наведува СВР Куманово, вчера во 18:14 часот во СВР Куманово е пријавено дека на улица „Моша Пијаде“ во Куманово настанал пожар во стан сопственост на В.Ѓ.(58) од Куманово.

Од РЦУК Куманово пренесуваат информација дека интервенирале на пожар предизвикан од пукната плинска боца во стан.

Оштетени се само елементи од кујната, нема повредени луѓе, ТППЕ Куманово интервенирал со едно противпожарно возило и двајца пожарникари, соопшти РЦУК.

Територијалната противпожарна единица Куманово регистрира по неколку пожари годишно во кои има експлозија на плински боци. Во некои случаи не можат да прецизираат дали експлозијата настанала од пожар или пожарот настанал од експлозија на плински боци.

Можете да прочитате

Мојсоска до Дурмиши: Десет месеци по трагедијата Законот за угостителство сѐ уште е само во најава

Мојсоска до Дурмиши: Десет месеци по трагедијата Законот за угостителство сѐ уште е само во најава

Филипче: Ние сме конструктивна опозиција – не сме контролирана опозиција