Утрински Весник
Македонија

Oпера и балет демантира дека е укинат попустот за студенти

Venue Mob.jpg

Во врска со информацијата  дека Националната опера и балет (НОБ) го укина попустот од 50 отсто на влезниците за студентите кои сакаат да ги проследат изведбите во оваа национална установа, Националната опера и балет, со соопштение објави дека „информацијата е неточна и неоснована“. 

Националната опера и балет останува целосно посветена на исполнување на обврските утврдени со Меморандумот за соработка, потпишан помеѓу Министерството за култура и Унијата на студентите на УКИМ (УСС УКИМ). Како што е наведено во овој меморандум, а во согласност со одлуката на Управниот одбор на НУ Национална опера и балет од  14.02.2024, студентите имаат право на попуст од 50% на влезниците. При купувањето на билети, потребно е да се приложи индекс (во физичка или електронска форма) за идентификација.


Важно е да се нагласи дека попустот не е укинат и студентите ќе продолжат да ја искористуваат оваа погодност. Политиката на НОБ во однос на попустите за студентите останува непроменета, а институцијата ќе продолжи да ги исполува своите обврски во рамките на постоечките договори и Меморандумот за соработка“, се вели во соопшението од НОБ. 

Можете да прочитате

Викендот ни носи значително свежо време, особено наутро и под 10 степени!

Ангелов: Силниот ветер ја влоши состојбата со пожарот во „Јасен“, но не се повлековме и ги сопревме пламените јазици

СДСМ: Трипуновски ги пушти низ вода лозарите, владата ќе им дава 2 денари само на винариите