Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

„Опенхајмер“ предизвика бес на интернет во Индија поради сцената со хиндуистички списи

„Опенхајмер“ предизвика бес на интернет во Индија поради сцената со хиндуистички списи
Img 7972

Сцена со светото хинду писмо во новиот филм на Кристофер Нолан „Опенхајмер“ предизвика пожар на социјалните мрежи во Индија, при што многу корисници велат дека ќе го бојкотираат филмот поради, како што една националистичка група го нарече „жесток напад врз хиндуизмот“.

dobivaj vesti na viber

Сцената го прикажува протагонистот како рецитира стих од Бхагвад Гита (Bhagwad Gitа), која се смета за најсвета од хиндуистичките списи, непосредно пред сексуален однос.

„Ова треба итно да се истражи, а инволвираните треба да бидат строго казнети,“ порачува националистичката фондација „Спасете ја културата, спасете ја Индија“ (Save Culture Save India Foundation) во своето соопштение за јавност.

Некои повикаа на бојкот на филмот и отстранување на сцената во која насловниот лик изговара позната реченица од светите списи на хиндуизмот. Во сцената која предизвика контроверзи се главниот лик кој го глуми Килијан Марфи и Флоренс Пју која ја глуми неговата сопруга.

Таа зема копија од „Бхагавад Гита“, едно од најсветите списи на хиндуизмот, и му вели на Марфи да чита. „Сега станав смрт, уништувач на светови“, вели тој во сцената што предизвика бес кај некои десничарски организации.

Филмот го следи т.н. татко на атомската бомба Џулиус Роберт Опенхајмер – американски физичар и клучна фигура во проектот „Менхетен“, американската програма за развој на атомска бомба.

Можете да прочитате

Железничка станица среде станбена зграда

Четири хороскопски знаци ѝ се враќаат на старата љубов оваа есен: Судбоносната средба само што не се случила

Време е за киселата зелка: Како да знаете колку сол е доволно?