Утрински Весник
Македонија

Опасност од нови поплави: Во Македонија доаѓа нов Џеновски циклон

Meteoalarm.mk 62.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

На врнежите во Македонија  им нема никаков крај, тоа значи дека кај нас  и понатаму продолжува многу променливото време со чести врнежи од дожд и снег на планините а повремено врнежите во следниот период повторно ќе бидат многу обилни и поројни па така до крајот на седмицава во Македонија повторно постои опасност од нови излевања на реките  и нови поплавувања.

Територијата на Македонија до крајот на седмицава ќе биде под влијание на циклонска активност со центар над Џеновскиот залив  и истата веќе од среда навечер 4 февруари па во деновите потоа ќе услови да имаме нови пообилни врнежи од дожд проследени со ретки грмежи како и со повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. На планините пак над 1400/1500 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег.

Локално за време на овој период повторно ќе наврне доста големо количество на воден талог и тоа над 60 литри дожд на метар квадратен.

И во Скопје  и околината во споменатиот период ќе имаме врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер претежно од југоисточен правец.

Температурите пак ќе бидат во пораст како наутро така  и преку ден и наутро насекаде ќе бидат позитивни односно над нулата додека преку денот тие ќе се искачуваат во најголем дел од Македонија до околу 10 степени а локално тие ќе надминуваат и 10 степени

Можете да прочитате

СДСМ: Украденото мора да се врати кај народот

Приведени осум возачи, МВР со детали

Нов началник и нов командир во кочанската полиција