Утрински Весник
Свет

Опаѓа поддршката кај граѓаните на ЕУ за зголемување на воените трошоци

20251007151723 big 730x400 92.webp.webp

Нешто повеќе од половина од граѓаните на Европската Унија не се убедени дека Унијата е воено подготвена за продолжен конфликт, но истовремено опаѓа поддршката за поголемо трошење за национална одбрана, покажува ново истражување.

Со оглед на руската агресија врз Украина и обврската на повеќето членки на ЕУ да ги зголемат буџетите за одбрана кон новата цел на НАТО од пет отсто од бруто домашниот производ, повторното вооружување на Европа е високо на агендата на повеќето земји.


Според истражувањето, спроведено од агенцијата „Polling Europe“ за бриселскиот портал „Еурактив“ спроведена меѓу 5.400 испитаници, две третини (67 отсто) изјавиле дека поддржуваат зголемување на инвестициите во одбраната, додека во април 2024 година тоа го поддржуваа 74 отсто од граѓаните.

Резултатите покажуваат и регионални поделби во поддршката за зголемување на буџетите за одбрана: 59 отсто на југот на Европа, 76 отсто во централните и источните делови и 73 отсто на северот.

По земји, поддршката варира од 48 отсто во Италија до 86 отсто во Полска. Поддршката е поголема меѓу поддржувачите на партиите од центарот и десниот центар, отколку кај партиите од левицата и екстремната десница.

Истражувањето покажа дека 52 отсто од испитаниците не веруваат во воената подготвеност на ЕУ за продолжен конфликт со некоја земја, при што по 26 отсто сметаат дека ЕУ е „малку подготвена“ или „воопшто не е подготвена“. Граѓаните на северот и централниот дел на ЕУ се поголеми оптимисти за подготвеноста за конфликт отколку оние од југот.

Истражувањето е спроведено во септември.

Можете да прочитате

Неколку стотици книги оштетени во Лувр поради протекување вода

Неуспешен обид за државен удар во Бенин

Алпинист обвинет за небрежно убиство на партнерката на Гросглокнер