Поранешниот британски премиер Борис Џонсон во интервју за „Sky News“ изјави дека не мисли оти рускиот претседател Владимир Путин ќе нареди употреба на тактичко нуклеарно оружје во Украина.
„Имено, имаше сугестии дека Путин би можел да нареди таков напад доколку неговите сили во Украина продолжат да се повлекуваат пред украинската контраофанзива и ја загубат претходно освоената територија. Мислам дека нема да го направи тоа. Би бил луд да го направи тоа“, изјави Џонсон за „Sky News“.
„Таков чин би значел дека Русија се повлекува од клубот на цивилизирани нации во истата секунда. Тоа би било целосна катастрофа за Русија, чија економија веднаш би била замрзната“, вели Џонсон.