Утрински Весник
Спорт

Јончевски: Турнирот во Талин е убава шанса младите да се докажат

Јончевски: Турнирот во Талин е убава шанса младите да се докажат
Dik 300x250 mk

Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска го стартува настапот на предолимпискиот турнир во Талин. Прв противник на нашиот национален тим ќе биде селекцијата на Израел (18 часот).

dobivaj vesti na viber

Селекторот Александар Јончевски повторно се соочува со персонални проблеми со дел од кошаркарите. Некои од повиканите репрезентативци воопшто не беа дел од подготовките, а згора на тоа пред самото тргнување за Естонија, повреда заработи и Ненад Димитријевиќ.

Со оглед на тоа, Македонија ќе игра во еден поинаков тим од планираниот, во кој ќе има и неколку нови, млади играчи.

„По многуте откажувања на неколку стандардни репрезентативци, а последното, и пред самото поаѓање, на турнирот кој следи во Талин ќе настапиме со дури четири играчи кои за првпат се во состав на сениорскиот тим. Со оглед на тоа дека само една репрезентација од вкупно осум, поделени во две групи, ќе го продолжи натпреварувањето во квалификациите за пласман на Олимпијадата, фаворити секако ќе бидат оние репрезентации кои ќе имаат и најголем број на играчи кои би можеле да се најдат во ротација, а воедно да се задржи квалитетот“- смета селекторот Јончевски.

Младите играчи ќе добијат шанса да се наметнат.

„Ќе го искористиме овој турнир за што поголемо воигрување на новите репрезентативци на кои ќе мораме да се потпреме во понатамошните собири. Верувам дека сите што се најдоа на списокот, како и оние кои допрва ќе се најдат, ќе имаат и што да покажат. Да ги искористат своите минути, а истовремено да можат да ги увидат и вистинските спортски и човечки вредности на малкумината искусни, на чело со капитенот Војдан Стојановски“, вели Јончевски пред почетокот на турнирот во Талин.

Можете да прочитате

Осимен блесна со два гола за Галатасарај, Атлетик Билбао со пресврт до први бодови во Лигата на шампионите

ЕХФ воведува ново натпреварување на ниво на репрезентации

Кошаркарите на Пелистер ја извојуваа својата прва европска победа