Македонската кошаркарска репрезентација загуби во првиот меч од квалификациите за за пласман на ЕП-2025 од Естонија пред своите гледачи (69:74). По натпреварот на прес-конференцијата се појави македонскиот селектор Александар Јончевски. -Имавме одличен прв дел, го контролиравме мечот. Третата четвртина ја почнавме лошо, а Естонците со добра одбрана го искористија тоа. Со офанзивни скокови се мачевме, ги контролираа промашените шутеви и ги поправаа своите грешки. Сепак, моите момци дадоа многу енергија, одиграа добро во тежок меч. Го задржавме резултатот тука некаде, тоа ни дава надежи дека имаме шанси за пласман на Евробаскетот. Жалам што оваа публика не го доживеа позитивниот крај. Ме радува моментот што имаше многу гледачи, полна сала, а имаше и огромен број барања за билети. Тоа навистина ме радува, бидејќи желбата да се гледа репрезентацијата е голема. Жал ми е што не победивме, ама од друга страна имаше позитивна енергија. Верувам дека оваа подмладена екипа може да одговори на следните предизвици. И претходниот циклус отворивме со пораз од Естонија, а потоа одлучуваа поени. Пет поени не се ништо, верувам дека следниот февруари ќе сме комплетни и со Андреј Јакимовски, кој е меѓу најдобрите играчи во својот универзитет. Во натпреварот со Полска, ко-домаќин на ЕП, бодовите важат. Го гледавме мечот со Литванија ќе го анализираме и ќе се обидеме да победиме. Нено е вонсериски талент за нашата земја, треба да го почитуваме тоа. Иако изгледаше дека кога тој и Хап одмараа паѓавме, не смееме да заборавиме дека и Војдан стегна заби и заигра со повреда. Тука се и останатите, можеби на друг натпревар ќе има нов блесок. Кога не доаѓаше Димитријевиќ, доаѓаше Шортс, ние десет години сме надвор од ЕП. Нема од што да се плашиме, ништо не можеме да загубиме. Успешно ги минавме претквалификациите. Сега следен чекор е пласман на турнирот. И денес бевме близу, два-три периоди во кои моравме да менуваме падна и резултатот, изјави Јончевски.