Андре Онана, првиот голман на Камерун, ќе го пропушти дуелот со Србија. Голманот на Интер, поради недисциплина бил исфрлен од репрезентацијата.
Од Доха нема информации зошто селекторот Рогоберт Сонг решил да го отстрани од екипата првиот голман.
Наместо Онана, гол на Камерун против Србија ќе биде Дејвис Епаси. Епаси е роден и образован во Франција. Преку грчките клубови Левадијакос, Ламија и ОФИ стигна до Абха во Саудиска Арабија каде што игра денес. За репрезентацијата на Камерун има пет настапи.