Утрински Весник
Свет

ОН: Светот го чекаат уште поинтензивни топлотни бранови, овие месеци се најкритични

ОН: Светот го чекаат уште поинтензивни топлотни бранови, овие месеци се најкритични

По рекордно високите температури на северната хемисфера, Обединетите нации предупредија на можни сè поинтензивни топлотни бранови на Земјата.

dobivaj vesti na viber

„Гледаме континуирано зголемување на фреквенцијата, времетраењето и интензитетот на топлотните бранови. Овие настани ќе продолжат да се зголемуваат со интензитет и светот треба да се подготви за поинтензивни топлотни бранови“, рече Џон Наирн, виш советник за екстремни горештини во Светската метеоролошка организација.

Наирн на брифингот на ОН во Женева рече дека една неодамнешна студија покажа оти имало 60.000 дополнителни смртни случаи во Европа минатото лето поради екстремните горештини.

Истакнувајќи дека бројката е ограничена само на Европа, советникот рече дека топлотните бранови стануваат сѐ поприсутни во светот.

Тој нагласи дека Европа има едни од најсилните системи за рано предупредување и акциски планови во светот.

„Значи, можете да замислите какви се бројките, веројатно, на глобално ниво“, додаде тој.

Наирн објасни дека во моментот јули и август се најкритичните месеци за екстремните топлотни бранови.

СМО во понеделникот соопшти дека би можеле да се забележат нови рекордни високи температури бидејќи интензивните топлотни бранови ги зафаќаат јужните делови на САД, Медитеранот, Северна Африка, Блискиот Исток и некои земји во Азија.

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата