Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

ОН сметаат дека не е можна евакуација на луѓето од Рафа

12 00 5.jpg
Img 7972

Главниот комесар на Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток смета дека евакуацијата на луѓето од градот Рафа на југот на Појасот Газа, што ја бара Израел, е невозможна, пишува денеска германската агенција ДПА. Филипе Лазарини праша каде треба да се евакуираат 1,4 милион луѓе собрани во Рафа. Нема безбедно место во Газа, рече тој во изјава за швајцарскиот весник „Ноје цуерхер цајтунг“. Северот е полн со неексплодирани бомби и луѓето не може да се носат таму, вели Лазарини. Тој додаде дека таму постои закана од глад. Израелската влада ги повика организациите на Обединетите нации, кои работат во регионот, да помогнат во евакуацијата на цивилите од Рафа. Вооружените сили го гледаат градот како последно упориште на палестинската исламистичка организација Хамас, која сакаат да ја уништат во војна. Според ОН, повеќе од 1,4 милион луѓе побегнале од другите делови на крајбрежната енклава и побарале засолниште во градот што некогаш броел 250.000 жители. Израел предложи жителите на Рафа да се преселат во големите градови со шатори северно од градот. Лазарини рече дека луѓето веќе неколкупати бегале во крајбрежната област. Повеќе од 100.000 луѓе беа убиени, ранети или исчезнати. Речиси 18.000 деца во Газа останаа сираци за само четири месеци. Палестинската хуманитарна организација е под истрага поради израелските наводи дека 12 вработени на УНРВА учествувале во нападите на Хамас на 7 октомври.

Можете да прочитате

Откриена е заборавената насловна страница на „Плејбој“ од 1990 година со Доналд Трамп

Нобеловата награда за хемија ја добија Китагава, Робсон и Омар М. Јаги

Грета Тунберг: Израелците ставија 60 луѓе во кафези и рекоа дека ќе нè убијат со гас